Терористички напад во Кабул: 11 мртви, ИД презеде одговорност

Сподели со своите пријатели

Најмалку 20 лица се убиени или рането во самубиствениот бомбашки напад во Кабул, соопштува портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан Наџиб Даниш.

Според зборовите на тамошните органи, бомбашот се разнел откако се приближил до група припадници на безбедносните сили.

Тие, како што се наведува, во моментот изведувале операција против илегална продажба на дрога и алкохол во делот на Кабул недалеку од Амбасадата на САД, пренесува Ројтерс.