Температури до 39 степени, Македонија во портокалово-жолта фаза

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб ветер од југоисточен правец, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 14 до 20, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 32 до 39 степени целзиусови. Индексот на УВ зраците ќе биде доста високо и ќе има вредност 8. Центарот за управување со кризи денеска прогласи портокалова фаза во четири региони од државата, а само западниот дел е во жолта фаза.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме многу жешко и мачно време. Температурата на воздухот ќе изнесува 36 степени целзиусови, а ќе дува сосема слаб ветер од југозападен правец.

Во наредните денови времето ќе биде претежно сончево и повторно многу топло.Денес температурите ќе бидат највисоки, вдолж Повардарието ќе достигнат и 39 степени, а од среда ќе бидат пониски за 2 до 3 степени.

Од крајот на работната недела ќе се врати попладневната нестабилност, особено во недела попладне.