Телма: Родилката од Гевгелија починала од насилна смрт, а бебето било родено живо

Сподели со своите пријатели

Детето не е мртвородено, туку живеело десет минути и имало развиено органи за живот, заклучиле обдуцентите од судска медицина, објави Телевизија „Телма“.

Бебето умрело како последица на недостатокот на кислородот додека било во утробата на мајката и влез на јаглерод диоксид во белите дробови на бебето.  Обвинителството за да ги расчисти сомнежите дали детето е мртвородено како што пишува во болничката отпусна листа, наредило овој сегмент посебно да биде испитан. и многу несогласувања.

Она што обвинителството посебно ќе го истражува е и дали е направен сериозен пропуст во заведувањето на податоците за детето. Во документите од болницата е запишано дека детето е тешко два килограми и 750 грама, а долго 49 сантиметри. Но, судка медицина констатира 400 грама повеќе и два сантиметри поголема должина.

Повеќе информации, како и целиот телевизиски прилог на Телевизија Телма можете да го пронајдете на следниот линк.