Тел Авив добива „зомби семафори“

Сподели со своите пријатели

Тел Авив направи први чекори кон пружање помош на пешаците на кои вниманието им го одземаат мобилните телефони, на тој начин што бградиле ЛЕД стоп светла на пешачките премини.

Loading...

Општината во понеделник инсталирала „зомби семафори“ со цел да се минимизира незгодата помеѓу возилата и невнимателните пешаци на пешачките премини.

Томер Дрор, шеф на Отсекот за управување со сообраќај во општина Тел Авив – Јафо, вели дека целта е да се намал несреќите кои ги предизвикуваат „пешаци кои премногу се фокусирани на паметните телефони, а помалку на сообраќајот околу нив“.

Сличен систем веќе се користи во Австралија, Сингапур и Холандија, јавува АП.

Засега, пилот програмата е ограничен на една крстосница во централниот дел на Тел Авив, но од општината велат дека ќе ги прошират „зомби семафорите“ ако се покажат делотворни.

Leave a Reply