Тасевска: Државна помош за компаниите од текстилната и кожарската индустрија

Сподели со своите пријатели

На иницијатива на пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска, Комисијата за економски прашања при Законодавниот дом, усвои амандман на предлог-законот за финансиска поддршка на инвестиции, кој овозможува со финансиска поддршка да бидат опфатени деловните субјекти од кожарско преработувачката и текстилната индустрија. Пратеничката вели дека бенефитите од целиот предлог-закон, како и од амандманот значи технолошки инвестиции во претпријатијата, изедначување на домашните и странските компании, отворање нови работни места како и повисоки плати и стандард за работниците. Гласањето на законот се очекува да се случи во првата половина на мај.

Loading...

-За нив нема да важи членот 9 став 3 од овој предлог-закон со кој се ограничуваат некои деловни субјекти односно од нив се бара да имаат зголемен или ист број на вработени, што значи деловните субјекти од кожарско преработувачката и текстилната индустрија овој услов не мора да го исполнуваат туку тие треба само да поднесат барање до Владата и ќе им се излезе во пресред. Ќе потенцирам задоволна сум што амандманот се усвои без никаков коментар и дискусија и посебно што доаѓам од град каде што знаеме дека и во минатото и денеска постојат мали или поголеми претпријатија кои се занимаваат со кожарско-преработувачка дејност-додаде таа.

Тасевска дополни дека во моментов активно работат на повеќе предлог-закони кои се во собраниската процедура. Таа паралелно остварува и средби со граѓаниет од Куманово, при што се информира за нивните потреби и барања.

 

 

Leave a Reply