Тајната на проколнатиот остров: Локалните власти ги отстраниле крововите на куќите, а еве и зошто (видео)

Сподели со своите пријатели

Практично заборавениот остров на северот на Шкотска, изгубен меѓу сите оние острови, крие многу тајни. Ајнхалоу е можно да го посетите само еднаш годишно.

Имено, „Оркни Херитаџ Сосајети“ секое лето организира патување до островот кое е 500метри одалечено од брегот на Шкотска. На туристите кои сакаат авантури и би се обиделе само да веслаат до Ајнхалоу властите ги предупредуваат дека тоа го прават на сопствен ризик. Силните струи во каналот се многу опасни и локалното население има многу добри причини за неговото избегнување.

– Секој ден го гледам, а истовремено воопшто не го разбирам, вели пензиониран земјоделец Боб Нелсон кој секој ден го гледа Ајнхалоу од куќата од другата страна на теснецот.

Заборавениот остров е висок четириесетина метри, а широк едвај нешто помалку од километар.

Меѓутоа, не отсекогаш овој остров бил ненаселен. Прв пат се споменува во легендите за Оркни некаде во 13 век, но тешко е да каже кога се појавиле првите градби.

– Домашното население вели дека островот постоел помеѓу световите, што донекаде е и шточно. Сигурно знаеме дека чумата го погодила островот во 1851 година и жителите побегнале. Локалните власти ги отстраниле крововите од сите домови за да никој не се врати, па од тој момент островот е напуштен. Ајхалое можеме да го преведеме како свет остров, но никој не знаел зошто е толку важен. Интересно е што Оркни е единственото место во Западна Европа без потврден манастир, а се упатува дека главното христијанско светилиште било токму на него. Овој манастир можеби потекнува од 11 век – напоменува археологот Ден Ли, кој на екипата на ВВС ги презентира остатоците од некогашната црковна кула.

На било кое друго место такво откритие би било наградено со стипендија за истражување, но Оркни е богат со слични наоѓалишта на многу достапни локации и Ајнхалоу своите тајни ќе ги крие барем уште некое време.

https://youtu.be/E3XjnEkMa38

Loading...