Тајван (Page 13)

Република Кина колоквијално позната како Тајван, е де факто независна земја во Источна Азија признаена како таква од околу дваесет земји. Народна Република Кина се смета себеси за наследник на Република Кина, а терирторијата контролирана од тајванската влада се смета за нејзина.

Политичкиот и правниот статус на Тајван се спорни прашања. Народна Република Кина (НРК) тврди дека е кинеска територија и дека самата ја заменила владата во 1949 година. Сепак, островот има своја валута, широко прифатен пасош, поштенски марки, интернет TLD, вооружени сили и устав со независен избран претседател.

Има население од околу 23,4 милиони жители од кои повеќето се на тајванскиот остров. Останатите живеат на оддалечените острови Пенгу (101.758), Кинмен (127.723) и Мацу (12.506).

Во продолжение сите вести поврзани со Тајван.

Сподели со своите пријатели

Кина силно ја осуди овонеделната посета на литвански официјални лица на Тајван и ќе преземе контрамерки против таа провокација, изјави Ванг Венбин, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, како што пренесува China Media Group (CMG). Loading… „Силно го осудуваме намерното кршење на суверенитетот на Кина од страна на литванскитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Тајван Цаи Инг-Вен објави дека воената закана за островот што ја претставува Кина „останува висока“, пренесува ТАС С повикувајќи се на локални медиуми. Loading… „Тајван нема да се вклучи во ескалација на конфликтот или да предизвикува спорови, но е цврсто решен да го брани својот суверенитет и националенПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Тајван го отфрла моделот „една земја, два системи“ што Пекинг го претстави во својата стратегија за решавање на тајванското прашање, соопшти денеска тајванското Министерство за надворешни работи. Loading… Само народот на Тајван може да одлучи за својата иднина, изјави портпаролката на министерството Џоан Оу на прес-конференција во Тајпеј, пренесува Ројтерс.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Акциите на САД во однос на Тајван покажуваат дека Западот почнал да го применува концептот за проширување на НАТО кон исток, изјави кинескиот амбасадор во Русија Џанг Ханхуи. Loading… Во интервју за ТАСС, Џанг рече дека Кина нема да дозволи САД да дејствуваат на меѓународната политичка сцена според „законите наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, во средата изјави дека САД не можат да дозволат Кина да го нормализира новото ниво на притисок врз Тајван што го потврди со неколкудневните воени вежби по нејзината посета на островот за кој претензии Пекинг. Loading… „Она што го видовме со КинаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

По една недела вежби, кинеската војска објави дека успешно завршила различни задачи околу Тајван. Loading… Пекинг вели дека мирното обединување и „една земја, два системи“ се основните принципи за решавање на проблемот со Тајван. Источната команда соопшти дека армијата внимателно ќе ја набљудува ситуацијата во Тајванскиот теснец, дека ќе вршиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Кина најави нулта толеранција за, како што вели, „сепаратистички активности“ на Тајван. Loading… Предупредувањето од Пекинг, кој го смета Тајван за своја територија, дојде неколку дена по невидените воени вежби на Кина во близина на островот, кои се одржаа по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси ПелосиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Околу 20 бродови на кинеска и тајванска морнарица и денес се распоредени во близина на неофицијалната централна линија на Тајванскиот теснец, изјави за Ројтерс извор запознаен со ова прашање. Loading… Неколку бродови на кинеската морнарица денеска продолжија да вршат маневри во близина на источниот брег на Тајван, изјави овој извор,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, рече дека нејзината посета на Тајван е исплатлива и дека САД не можат да дозволат Кина да го изолира островот. Loading… „Не можеме да дозволиме кинеската влада да го изолира Тајван. Тие нема да кажат кој може да оди во Тајван“, изјавиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Тајван Џозеф Ву денеска изјави дека Тајпеј започнал воени вежби за тестирање на борбената готовност, како одговор на тековните кинески маневри кои вклучуваат лансирање ракети во близина на островот со 23 милиони луѓе. Loading… Кина рече дека нејзините вежби биле поттикнати од посетата на претседателкатаПрочитај повеќе