Кина ги заврши вежбите во морињата околу Тајван

Сподели со своите пријатели

По една недела вежби, кинеската војска објави дека успешно завршила различни задачи околу Тајван.

Loading...

Пекинг вели дека мирното обединување и „една земја, два системи“ се основните принципи за решавање на проблемот со Тајван.

Источната команда соопшти дека армијата внимателно ќе ја набљудува ситуацијата во Тајванскиот теснец, дека ќе врши редовни патроли и дека армијата ќе биде подготвена за можни битки.

Кина ги започна вежбите откако претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси отиде во Тајван, кој Кина го смета за своја територија, за време на нејзината азиска турнеја.

„Не можеме да дозволиме кинеската влада да го изолира Тајван. Тие нема да кажат кој може да оди во Тајван“, рече Пелоси.

Тоа беше прва посета на претседател на Претставничкиот дом на Тајван од 1997 година, која Пекинг ја смета за кршење на суверенитетот и мешање во внатрешните политички работи на Кина.

Како одговор на кинеските вежби што следеа, Тајпеј распореди ракетни системи и држеше бродови во близина на средната линија на Тајванскиот теснец. Американскиот носач на авиони „Роналд Реган“ патролирал во дел од океанот што ги опфаќа водите југоисточно од Тајван.

Кина: Мирно обединување и една земја – два системи за Тајван

Канцеларијата за прашања на Тајван и Канцеларијата за информации на Државниот совет на Кина објавија бела книга со наслов „Прашањето на Тајван и повторното обединување на Кина во новата ера“, пренесува новинската агенција Ксинхуа.

Loading...

Пекинг, имено, рече дека мирното обединување и „една земја-два системи“ се основните принципи за решавање на проблемот со Тајван, но и дека „нема да се откаже од употребата на сила“ и дека „ја задржува можноста да ги преземе сите неопходни мерки“ за заштита од надворешно мешање и сите сепаратистички активности.

„Ќе работиме со најголема искреност и ќе вложиме максимални напори за да постигнеме мирно обединување. Но, нема да се откажеме од употребата на сила и го задржуваме правото да ги преземеме сите неопходни мерки, да се заштитиме од надворешно мешање и сите сепаратистички активности. Ова во никој случај не ги таргетира нашите сонародници во Тајван.