Војна во Украина (Page 468)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Руските сили ја презедоа контролата врз Соледар, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Киев сè уште не ги коментира овие тврдења. Според руското Министерство, Соледар од синоќа е под контрола на руската армија, пренесува Интерфакс. Министерството наведе дека целосната контрола над Соледар овозможува прекинување на патиштата за снабдување на ВооруженитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Финска би можела да испрати помал број германски тенкови „Леопард 2“ во Украина доколку повеќе европски земји одлучат да го сторат истото, изјави финскиот претседател Саули Ниинисто. „Финска не може да донира многу тенкови бидејќи мора да ја заштити својата долга граница со Русија“, изјави Ниинисто за финската новинска агенцијаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинските сили издржаа ноќни жестоки борби во Соледар, изјави заменик-министерката за одбрана Хана Маљар. Таа рече дека непријателот „ги фрлил речиси сите свои сили во регионот на Доњецк и продолжува со офанзивата со висок интензитет“. „Нашите храбри борци се обидуваат да ја задржат линијата на одбраната“, рече Маљар на Телеграм,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Белорусија би можела да војува во Украина доколку Киев одлучи да ја нападне неа или Русија, изјави претставник на руското Министерство за надворешни работи. Русија уште во февруари ја искористи белоруската територија за испраќање свои војници во Украина, а потоа распореди свои сили на територијата на Белорусија како дел одПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Рускиот опозициски политичар во егзил Илија Пономарев смета дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ја доживее следната година. Пономарев беше член на руската Државна дума од 2007 до 2016 година, а сега е во Украина, каде што има државјанство, раководејќи го опозициското движење за кое се надева дека РусијаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) ќе премести неколку свои извидувачки авиони од својата база во Германија во Романија за да ја надгледува руската воена активност. Во вторник, на 17 јануари, во Букурешт треба да пристигнат системите за воздушно предупредување и контрола на надзорот (АВАКС), „за да го поддржат зголеменото присуствоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинските сили успеваат да се спротивстават на „високата“ руска офанзива во Соледар на истокот од земјата, изјави заменик-министерката за одбрана на Украина Гана Малиар. Таа додаде дека изминатата ноќ сепак не била мирна. „Непријателот ги насочи речиси сите свои главни сили во правец на регионот Доњецк со цел да одржиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Франција се обидува да испорача лесни борбени тенкови AMX 10-RC на Украина во рок од два месеци, изјави денеска францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну. Францускиот претседател Емануел Макрон претходно во разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски изјави дека Франција ќе испорача или оклопни возила или тенкови AMXПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Руски единици го опколија Бахмут, тврди Игор Кимаковски, советник на в.д. шефот на самопрогласената Народна Република Доњецк, чија анексија беше прогласена од Русија. Кимаковски за „Први Канал“ изјави дека Бахмут е опколен и дека од двете страни се формираат ударни групи за да го опколат градот, а околу Бахмут еПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Иако до сега не се споменуваше многу во јавноста, украинскиот Соледар се најде во центарот на светското внимание поради големата борба меѓу руската паравоена група Вагнер и украинската армија за контрола на овој град. Вагнерците тврдат дека влегле во центарот на Соледар и воспоставиле контрола, додека Киев остро ги негираПрочитај повеќе