Украинската армија тврди дека дава отпор на руската офанзива во Соледар

Сподели со своите пријатели

Украинските сили успеваат да се спротивстават на „високата“ руска офанзива во Соледар на истокот од земјата, изјави заменик-министерката за одбрана на Украина Гана Малиар.

Loading...

Таа додаде дека изминатата ноќ сепак не била мирна.

„Непријателот ги насочи речиси сите свои главни сили во правец на регионот Доњецк со цел да одржи офанзива со висок интензитет“, напиша Гана Малиар на Телеграм, додавајќи дека судирите продолжиле во текот на ноќта.

Според неа, тоа е „тешка фаза од војната“, но Украинците се надеваат на победа.

Борбите во Соледар и неговата околина траат веќе неколку месеци, но нивниот интензитет во последните денови нагло се зголеми, бидејќи украинската армија се бори против платениците на руската паравоена група Вагнер во тој град, познат по рудниците за сол.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.