Ја презедовме контролата над Соледар, објави руското Министерство за одбрана

Сподели со своите пријатели

Руските сили ја презедоа контролата врз Соледар, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Loading...

Киев сè уште не ги коментира овие тврдења.

Според руското Министерство, Соледар од синоќа е под контрола на руската армија, пренесува Интерфакс.

Министерството наведе дека целосната контрола над Соледар овозможува прекинување на патиштата за снабдување на Вооружените сили на Украина во Бахмут и блокирање на единиците на украинската армија кои остануваат таму.

Киев сѐ уште не одговорил на тврдењата на Москва, додека во изминатите неколку дена се појавија различни информации за тоа под чија контрола е градот во Украина.

Да потсетиме, претходно Украина објави дека нејзините сили сѐ уште се борат и дека активните борби се воделе во текот на ноќта.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.