Војна во Украина (Page 465)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, во рамки на денешната посета на Украина, го посети градот Бородјанка во киевската област кој е силно погоден од воените дејствија. Османи на почетокот од посетата изрази жалење за сите невини жртви и илјадници Украинци кои мораа да ги напуштат своите домови како би гиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Војската на САД вчера почна со проширена борбена обука на украинските сили во Германија, со цел баталјон од околу 500 војници да биде подготвен да се врати на линијата на фронтот за да се бори против Русите во следните пет до осум недели, изјави генералот Марк Мили, претседател на ЗдружениотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Како резултат на ракетниот напад на облакодерот во Днипро, бројот на загинатите достигна 35 лица, меѓу кои и две деца. – Акцијата за пребарување и спасување во Днепар трае речиси 40 часа. Во текот на ноќта спасувачите извлекоа уште неколку мртви од под урнатините на повеќекатната зграда која беше уништенаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Товарниот брод МКК 1, кој отплови од Украина за Турција, во понеделникот се насука во Босфорот и сообраќајот во тој теснец беше запрен, но нема извештаи за штета, соопштија агенти на бродската агенција Трибека. Неколку реморкери беа испратени за да му помогнат на товарниот брод долг 142 метри, соопшти КанцеларијатаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Најмалку две лица загинаа, а четворица се ранети во денешното украинско гранатирање на Доњецк, изјави портпаролот на градската воена управа. „Четири лица се ранети, а најмалку двајца загинаа. Спасувачките тимови трагаат по тела под урнатините“, изјави портпаролот за Тас. Според соопштението на канцеларијата на локалната воена команда, судејќи по обемотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Игор Гиркин, познат и како Стрелков, предупреди на можноста од граѓанска војна во Русија, која може да резултира со милиони жртви. Поранешен руски агент и паравоен командант на проруските сепаратистички сили во источна Украина, меѓу другото и терорист, осуден во Холандија на доживотен затвор за соборувањето на малезискиот патнички авионПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинскиот град Днипро во саботата беше цел на руски напад, па Русите рано попладне со проектил погодија деветкатна станбена зграда. Во тој напад загинаа најмалку 35 лица. Поради тој напад, во Днепар владее тага, исцрпеност и гнев. Погодената зграда сега е само куп бетон. Становите на зградата се преполовиле когаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Кремљ сака да „спроведе решителна акција во следните шест месеци“ за да ја врати доминацијата во Украина по серијата неуспешни и успешни украински контраофанзиви, објави Институтот за проучување на војната во своето последно ажурирање. „Русија не успеа да ги постигне повеќето од своите главни цели во Украина од почетокот наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Независниот руски медиум „Москва тајмс“ се осврна на темата за руските волонтери на бојното поле во Украина, со која се фали режимот во Москва и ја објави другата страна на приказната. Тие разговарале, меѓу другите, со извесен Александар, кој брзо бил распореден на првите борбени линии во Украина откако сеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека не очекува нормализација на односите меѓу Русија и Западот и по завршувањето на војната во Украина. – Нормализирањето на односите со Русија по завршувањето на конфликтот во Украина не доаѓа предвид. Нема да биде како порано. Дури и да замолкне оружјето воПрочитај повеќе