Војна во Украина (Page 464)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Кремљ денеска ги коментираше медиумските извештаи за растечкото ривалство меѓу редовната руска армија и платеничката група Вагнер предводена од Евгениј Пригожин, кој не бега да ја критикува руската команда. Конфликтот меѓу руското Министерство за одбрана и платениците на Вагнер „постои само во информативниот простор“, тврди Дмитриј Песков, портпаролот на рускиотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Кремљ ги отфрли обвинувањата за одговорност за смртта на 36 цивили во градот Днипро и му порача на Западот дека тенковите што планира да ги испрати во Украина ќе „изгорат“ и дека новото, понапредно оружје нема да го промени текот на војната. Велика Британија во саботата објави дека ќе испратиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Независниот одбранбен аналитичар Конрад Музика изјави за Скај њуз дека „сè укажува на тоа дека Белорусија ќе се приклучи на војната во иднина“. Музика ги опиша белоруските вооружени сили како „еден вид мистерија“ и додаде дека редовните единици на белоруската армија практично континуирано се обучуваат од април, а неодамна гиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Минатата есен, додека Украина ослободуваше големи делови од својата територија во серија контра-напади, таа целеше на руските сили со артилерија и проектили од американско производство. Водењето на дел од таа артилерија беше изведено од домашен систем за таргетирање што Украина го разви на бојното поле. Парче софтвер произведен во УкраинаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, тврди дека руските сили не целеле станбени згради во неодамнешниот масовен ракетен напад врз украински цели, што беше извршен во саботата. За потсетување, во саботата проектил погоди станбена зграда во источниот украински град Днипро, при што загинаа најмалку 35 лица, меѓу коиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Кремљ денеска соопшти дека тенковите што Велика Британија планира да ги испрати во Украина „ќе изгорат како и другите“. Да потсетиме дека Британија во саботата потврди дека во наредните недели ќе испрати 14 тенкови „Челинџер 2“ во Украина, како и друго оружје за артилериска поддршка. Портпаролот на рускиот претседател ВладимирПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Советникот на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Михаил Подољак, смета дека не постои начин да се преговара за крај на војната со Русија и затоа Украина мора да ја добие војната. Подољак на Твитер напиша дека Русија ја нападна Украина без причина, дека води сеопфатна војна со секаквиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин за руската државна телевизија изјави дека, како што вели, „специјална воена операција“ во Украина добила позитивен импулс. „Динамиката е позитивна“, изјави тој за државната телевизија „Русија 1“. Како што додаде, „Се се одвива во рамките на планот на Министерството за одбрана и Генералштабот“. Путин рече декаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Руските системи за противвоздушна одбрана од синоќа го соборија третото беспилотно летало кај брегот на Севастопол, а руските сили продолжуваат да го одбиваат нападот, објави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев. Тој претходно објави дека првиот дрон бил соборен синоќа, пренесува РИА Новости. Агенцијата наведува дека од почетокот на годината вооруженитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Германската министерка за одбрана Кристина Ламбрехт денеска поднесе оставка. Ламбрехт му го врати мандатот на германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува ДВ. Нејзиниот потег уследи откако германските медиуми објавија дека шефот на одбраната има намера да се повлече по критикуваната новогодишна порака што ја објави на социјалните мрежи. Ламбрехт во својатаПрочитај повеќе