Кремљ: Нема кавга меѓу Вагнер и руската армија

Сподели со своите пријатели

Кремљ денеска ги коментираше медиумските извештаи за растечкото ривалство меѓу редовната руска армија и платеничката група Вагнер предводена од Евгениј Пригожин, кој не бега да ја критикува руската команда.

Loading...

Конфликтот меѓу руското Министерство за одбрана и платениците на Вагнер „постои само во информативниот простор“, тврди Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.

Пригожин беше првиот што објавил дека вагнерци го зазеле Соледар

Москва минатата недела објави дека го освоила рударскиот град Соледар северно од градот Бахмут, кој руските сили се обидуваат да го освојат со месеци, а Пригожин прв објави дека неговите вагнерити го зазеле Соледар.

Официјален Киев ги негираше тие тврдења и објави дека украинските сили се уште држат позиции во Соледар.

Во соопштението, украинската армија тврди дека „нанела големи човечки загуби“ на руските сили во близина на Бахмут и градот Авдијивка во источна Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.