Војна во Украина (Page 422)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана денеска ја обвини Украина дека планира вооружена провокација во Приднестровие, самопрогласен регион на Молдавија, пренесува РИА Новости. Министерството објави на Телеграм дека Украина планира да изврши „операција со лажно знаме“, наводен напад на руските сили од Приднестровие, како изговор за нејзината акција, според РИА. Рускиот заменикПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинските власти соопштија дека двајца цивили се ранети при денешното гранатирање на индустриски капацитети во Харков. „Според прелиминарните податоци, четири проектили го погодиле Харков. Непријателот ги гаѓаше индустриските капацитети“, рече градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, преку Телеграм, пренесува Ројтерс, пренесе Танјуг. Гувернерот на Харковската област Олех Синехубов во посебна изјаваПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово пристигна во посета на Украина, во знак на поддршка на украинското лидерство и украинските граѓани во борбата за одбрана на својата земја и зачувување на својот суверенитет.     Петровска во Украина при средбите со претставници на официјален Киев ќе го пренесе ставот којПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Годишнината од руската инвазија на Украина е повод за прослава, барем за руските власти, кои денеска подготвуваат голем хепенинг, поточно „концерт-средба“ на стадионот „Лужники“ во Москва, јавуваат медиумите на социјалните мрежи. Медуза на својот канал Телеграм пишува дека целосното име на денешниот настан, како што пишува на билетот, е „СлаваПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во петок се одбележува годишнината од почетокот на војната во Украина. На почетокот на војната, многу луѓе веруваа дека, како што војната напредуваше, незадоволството ќе расте во Русија. Но, накратко, тоа не се случи. Иако на почетокот на војната имаше неколку обиди за протести каде беа уапсени илјадници луѓе, ништоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско денеска во пресрет на годишнината од нападот на Украина повика на прекин на огнот и мировни преговори и порача дека „ниту една победа не може да се гради на урнатини“. „Помина една година од почетокот на оваа апсурдна и сурова војна, тажна годишнина. Бројот на загинати, ранети, бегалциПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Вјачеслав Гладков, гувернер на руската област Белгород, која граничи со Украина, на својот канал Телеграм објави дека е погоден трговски центар во рускиот град Шебекин. „Гранатирање во Шебекин. Гранатините го погодиле трговскиот центар и предизвикале пожар. Според првичните податоци едно лице е тешко повредено“, соопшти Гладков. „Во болница е пренесенПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ги отфрли повиците на американскиот претседател Џо Бајден руските сили да се повлечат од Украина, велејќи дека ако Русија не победи во Украина, таа ќе се распадне. „Ако САД престанат да му доставуваат оружје на режимот во Киев, тогаш војната ќе заврши“, напиша денеска наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Поранешниот британски премиер Тони Блер денеска изјави дека војната во Украина ќе заврши само кога рускиот претседател Владимир Путин „кристално јасно ќе стави до знаење дека неговите воени амбиции не можат да се остварат“. „Оригиналните воени амбиции на Путин се распаднаа, Украинците покажаа неверојатен стоицизам и храброст, а Западот иПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Чешка, Петр Фиала, пред денешната средба со американскиот претседател Џозеф Бајден и лидерите на источното крило на НАТО изјави дека неговата земја ќе продолжи да дава помош за Украина. „Ќе продолжиме да и помагаме на Украина се додека ѝ е потребно“, рече Фиала, пренесе Ројтерс. Американскиот претседател ЏозефПрочитај повеќе