Белгород: Гранатиран трговски центар

Сподели со своите пријатели

Вјачеслав Гладков, гувернер на руската област Белгород, која граничи со Украина, на својот канал Телеграм објави дека е погоден трговски центар во рускиот град Шебекин.

Loading...

„Гранатирање во Шебекин. Гранатините го погодиле трговскиот центар и предизвикале пожар. Според првичните податоци едно лице е тешко повредено“, соопшти Гладков.

„Во болница е пренесен маж со рани од шрапнел. Лекарите ја оценија неговата состојба како исклучително сериозна. Ја пружаме сета потребна помош. Сите служби се на терен, пожарникарите го гаснат пожарот“, изјави рускиот гувернер.

Ова не е прв пат гувернерот на Белгород да пишува за напади што им ги припишува на украинските сили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3

Информациите што ги објавува не се независно потврдени.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.