Што се случува во молдавискиот регион Приднестровие?

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана денеска ја обвини Украина дека планира вооружена провокација во Приднестровие, самопрогласен регион на Молдавија, пренесува РИА Новости.

Loading...

Министерството објави на Телеграм дека Украина планира да изврши „операција со лажно знаме“, наводен напад на руските сили од Приднестровие, како изговор за нејзината акција, според РИА.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Галузин тврди дека Западот и наредил на владата на Молдавија да ја прекине секоја комуникација со сепаратистичките власти во Приднестровие, објави Ројтерс, цитирајќи руски медиуми.

Молдавската претседателка Маја Санду ја обвини Русија претходно овој месец дека планира државен удар за да ја собори владата и да го вовлече Приднестровиево нејзината војна во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гренел: Ако победи Трамп, ЕУ ќе мора да го реши конфликтот во Украина

Овој регион ја прогласи својата независност во 1990 година, една година пред распадот на Советскиот Сојуз, поради стравот дека Молдавија ќе се обедини со Романија, чиј јазик и култура најмногу го дели, пренесува Танјуг.

По кратката војна на Молдавија со сепаратистите во 1992 година, немаше насилство во изминатите 30 години, а руските „мировници“ сè уште се распоредени на малата територија, која нема меѓународно признавање, наведува Ројтерс.