Војна во Украина (Page 317)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин повика на зајакнување на безбедносните мерки на мостот на Крим, стратешка инфраструктура која по вторпат беше оштетена од украинскиот напад, за што вети „одговор“. „Бидејќи ова е втор терористички напад на мостот на полуостровот Крим, чекам конкретни предлози за подобрување на безбедноста на таа важна иПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев е подготвен да продолжи со извоз на жито преку Црното Море, и покрај најавата на Москва дека се повлекува од договорот за извоз. „Дури и без Русија, треба да се направи се за да можеме да го користиме тој коридор (за извоз)Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Источната група на вооружените сили на Украина, Серхи Черевати изјави дека руската армија постојано користи касетна муниција во војната против Украина. – Русите постојано користат касетна муниција. Немаше време кога не го користеа. Единствено такво време е времето потребно за снабдување на таа муниција – рече тој. ТојПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

„Договорот за житото е прекинат. Штом се заврши рускиот дел, руската страна веднаш ќе се врати на спроведувањето на оваа работа“, нагласи прес-секретарот на шефот на руската држава. Продолжувањето на договорот за жито, што требаше да се случи денеска, беше неизвесно бидејќи Русија се обидуваше да ги исполни условите заПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Официјални лица од Кремљ се огласија по синоќешниот напад на мостот на Крим. Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, изјави дека „денешниот напад на мостот на Крим го извршил режимот на Киев“. „Тој режим е терористички и ги има сите карактеристики на меѓународна организирана криминална група. ОдлукитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Рускиот национален антитерористички комитет соопшти дека мостот на Крим синоќа во 03:05 часот бил нападнат од два украински дрона, пренесува РИА Новости. „Поради извршениот терористички акт оштетена е патната компонента на мостот на Крим. Во исто време загинаа двајца возрасни лица, а едно дете е повредено, се наведува во соопштението.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Рускиот парламентарец и резервен генерал-полковник Андреј Картаполов изјави на државната телевизија дека Владимир Путин планира да го искористи Вагнер за да го нападне стратешки важниот коридор Сувалки. Имено, овој појас од околу сто километри се протега долж границата меѓу Полска, Литванија, Белорусија и Русија. Да се ​​има контрола над тоаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Извор од украинската служба за безбедност изјавил за Би-Би-Си дека синоќешниот напад на мостот на Крим бил „специјална операција на поморските сили на Украина и на украинската служба за безбедност“. „Мостот беше нападнат од поморски дронови. Беше тешко да се стигне до него, но на крајот успеавме”, рекол изворот. МостотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

KYIV Post објави ново видео од мостот на Крим по синоќешните експлозии. Видеото покажува значителна штета.   📹This is what the #CrimeanBridge looks like now pic.twitter.com/t6ZQ1mhtr7 — KyivPost (@KyivPost) July 17, 2023   Мостот Крим, клучната линија за снабдување на руските сили во Украина, е оштетен утринава во „вонредна“ ситуацијаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украина денеска објави дека минатата недела од руските сили повторно освоила територија од седум квадратни километри околу уништениот град Бахмут на истокот на земјата. „Во текот на изминатата недела, како резултат на подобреното оперативно (тактичко) позиционирање на линијата на фронтот кон Бахмут, беше ослободена територија од седум квадратни километри“, сеПрочитај повеќе