Путин ќе го искористи Вагнер за да го нападне НАТО, рече руски политичар на државната телевизија

Сподели со своите пријатели

Рускиот парламентарец и резервен генерал-полковник Андреј Картаполов изјави на државната телевизија дека Владимир Путин планира да го искористи Вагнер за да го нападне стратешки важниот коридор Сувалки.

Loading...

Имено, овој појас од околу сто километри се протега долж границата меѓу Полска, Литванија, Белорусија и Русија.

Да се ​​има контрола над тоа значи и да се има цврсти основи за можен конфликт од пошироки размери од оној во Украина.

Затоа е важно не само за Русија туку и за НАТО.

„Вагнер е подготвен да дојде на таа територија за само неколку часа“, вели Картаполов, близок пријател на Путин, пишува Дејли мејл, а пренесува N1 Хрватска.

Полските разузнавачи, од друга страна, ги следат движењата на Вагнер и засега не ја потврдиле заканата.

„Во Белорусија досега ги има неколку стотици“, потврдија Полјаците.

Секако дека во наредниот период коридорот ќе биде исклучително важен за сите страни, за Русите во однос на одбраната, но и како основа за идни можни акции, додека за сојузниците на Украина тој е единствената копнена врска со трите поранешни советски Балтичките републики – Литванија, Летонија и Естонија.

Loading...

Тие се сметаат и за најранливи во случај на конфликт од поголеми размери.

За Русија, контролата на коридорот ќе обезбеди копнена врска помеѓу балтичката ексклава Калининград, главната база на балтичката флота на Путин, и цврстиот сојузник на Кремљ, Белорусија.

Исто така, Картаполов тврди дека Сувалки е „Ахиловата пета на НАТО алијансата“.

И поради „интересот“ на сите страни да воспостават контрола врз него, моментално се смета за најопасното место на светот.

А некои веќе го означуваат како „појдовна точка на Третата светска војна“.

Јасно е и зошто Вагнер се користи за евентуална акција. Станува збор за платеници, а не за претставници на државните воени сили, во случајов руски.

Ова го спречува активирањето на клаузулата 5 од НАТО алијансата, која би била „тригер“ за директен конфликт со Русија.

Сепак, Полска брзо се вооружува поради заканата од Москва, а Германија ќе распореди 4.000 војници во Литванија, бидејќи НАТО го зајакнува своето присуство во балтичките земји.

Loading...

Во исто време, овие насочени телевизиски пораки доаѓаат помалку од 24 часа откако Путин изјави дека Русија има доволно залихи на касетна муниција, што тој се закани дека ќе ги користи доколку Украина ги распореди на бојното поле.

Секојдневно пристигнуваат руски закани и триумфални пораки, засилени со фактот дека украинската контраофанзива не покажува значителен напредок.

Односно, според Путин, тоа не успеа и беше целосно запрено.

„Во текот на целата офанзива, непријателот не успеа да ја пробие нашата одбрана“, изјави рускиот претседател на државната телевизија во неделата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.