Украина од Русија врати седум квадратни километри кај Бахмут

Сподели со своите пријатели

Украина денеска објави дека минатата недела од руските сили повторно освоила територија од седум квадратни километри околу уништениот град Бахмут на истокот на земјата.

Loading...

„Во текот на изминатата недела, како резултат на подобреното оперативно (тактичко) позиционирање на линијата на фронтот кон Бахмут, беше ослободена територија од седум квадратни километри“, се вели во изјавата на заменик-министерот за одбрана на Украина Гана Малиар на Телеграм.

Бахмут падна под руска контрола во мај по неколку месеци конфликт.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници