Војна во Украина (Page 316)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Обновено е движењето на возилата по Кримскиот мост во правец Таман-Керч, соопшти вицепремиерот на руската влада Марат Хуснулин. – Моторниот сообраќај на Кримскиот мост е обновен во крајната десна лента во правец Таман-Керч, изјави Хуснулин на Телеграм, пренесува РИА. Тој додаде дека е можно мостот повторно да профункционира за возилаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин им предложил на борците на групата Вагнер, нивниот командант да биде искусниот и одликуван платеник Андреј Трошев, кој и онака бил нивен надреден во текот на сите операции во Украина, пишува Комерсант. Се чини дека Путин создал јаз меѓу високите борци на Вагнер и нивниот водачПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија ја блокира работата на Црноморската иницијатива за жито со цел да изврши притисок врз глобалниот земјоделски пазар. „За Русија ова е формат на дампинг на пазарот на жито и земјоделски производи со цел да се блокира Украина и да биде единствениот голем извозникПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Велика Британија ги отфрли обвинувањата на Русија дека британските разузнавачки служби би можеле да бидат вмешани во нападот на мостот на Крим. „Ова се неосновани шпекулации од Русија и нема дополнително да ги коментираме“, се вели во изјавата на портпаролот на Министерството за надворешни работи на Велика Британија, пренесе Ројтерс.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Големиот конфликт меѓу Русија и Украина се повеќе се сели на анектираниот полуостров Крим. Ова стратешки клучно место е честа цел на напади и за Русите и за Украинците, од кои последниот беше насочен кон мостот на Крим. Овој мост, познат и како „гордоста на Путин“, бидејќи рускиот претседател наредилПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украина досега ослободила вкупно 210 квадратни километри во контраофанзива против руските сили, изјави заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар. Маљар на Телеграм напиша дека украинската контраофанзива напредува и дека Киев повратил 18 квадратни километри на истокот и југот од земјата во текот на изминатата недела, објави Ројтерс. Маљар истакнаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека првата последица од руското необновување на договорот за жито ќе биде зголемување на цените на житото ширум светот. – Треба да знаете еден број. Минатата година, кога беше воведена Црноморската иницијатива за жито, светските цени на житото паднаа за 20 отсто.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин му нареди на Министерството за образование да ја интензивира работата со младите од регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон и да им ги „објасни причините и целите на специјалната воена операција“ на учениците и студентите. Тој побара да се работи на „зајакнување на серускиот национален идентитетПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Русија изврши воздушни напади врз јужна и источна Украина во текот на ноќта користејќи беспилотни летала и балистички ракети, соопштија рано во вторникот украинските воздухопловни сили. Јужното пристаниште Одеса и регионите Миколаив, Доњецк, Херсон, Запорожје и Днипро се под закана од напад од руски беспилотни летала, објави Военото воздухопловство наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се сретне со мировниот пратеник на папата Франциско како дел од мировните и хуманитарните иницијативи на Светата столица за Украина, а на врвот на агендата е ситуацијата со украинските деца кои беа однесени во Русија, соопштија Белата куќа и Ватикан. Кардиналот Матео Зупи е воПрочитај повеќе