Украина досега ослободила вкупно 210 квадратни километри во контраофанзива против руските сили, изјави заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар.
Маљар на Телеграм напиша дека украинската контраофанзива напредува и дека Киев повратил 18 квадратни километри на истокот и југот од земјата во текот на изминатата недела, објави Ројтерс.
Маљар истакна дека минатата недела украинските војници повторно зазеле седум квадратни километри во правец на Бахмут на истокот од земјата, со што повторно заземената територија во таа област ја зголемиле на 31 квадратен километар.
На југ, каде што украинските сили се обидуваат да напредуваат кон градовите Бердјанск и Мелитопол, тие во текот на изминатата недела повторно зазедоа речиси 11 квадратни километри, зголемувајќи ја повторно заземената територија во таа област на речиси 180 квадратни километри, изјави Маљар.
Таа рече дека руските сили напредуваат од крајот на минатата недела кон градот Купјанск во областа Харков.
Украина започна контраофанзива во јуни за да ја врати територијата окупирана од руските сили.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.