Бајден ќе се сретне со пратеникот на папата Франциско

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се сретне со мировниот пратеник на папата Франциско како дел од мировните и хуманитарните иницијативи на Светата столица за Украина, а на врвот на агендата е ситуацијата со украинските деца кои беа однесени во Русија, соопштија Белата куќа и Ватикан.

Loading...

Кардиналот Матео Зупи е во посета на Вашингтон до среда. Пред тоа тој беше во мисија во Москва и Киев, каде се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Прес секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, потврди дека Бајден ќе се сретне со Зупи во вторник за да „разговараат за широко распространетите страдања предизвикани од руската брутална војна во Украина“.

Жан-Пјер, исто така, рече дека „ќе се разговара и за напорите на Соединетите Американски Држави и Светата столица за обезбедување хуманитарна помош за погодените, како и за фокусот на папската држава на репатријацијата на украинските деца насилно депортирани од руски официјални лица“.

Зупи е ветеран на мировните иницијативи на Католичката црква, а од Франциско добил задача да најде „патеки на мирот“ меѓу Русија и Украина.

Во Москва, Зупи се состана со Марија Лвова-Белова, комесарка на Русија за правата на децата, како и со патријархот Кирил, поглавар на Руската православна црква, кој силно ја поддржува војната во Кремљ.

Францско го прифати барањето на Украина да интервенира секаде каде што е можно за да се вратат украинските деца однесени во Русија по инвазијата на Москва.

На крајот на март, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Лвова-Белова и рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи ги за киднапирање деца од Украина.

Loading...

Руските власти негираа какви било присилни посвојувања, велејќи дека некои украински деца се во згрижување.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.