Русија (Page 79)

Русија официјално Руска Федерација, е полупретседателска федерална република лоцирана во Источна Европа и Северна Азија.

Со површина од 17.125.187 km², Русија е најголемата земја во светот со речиси двојно поголема територија од Канада. Се граничи со 18 држави.

Таа е на деветтото место во светот според населението со околу 146 милиони. Официјален јазик е рускиот, а главен град и најголем град е Москва.

Според Уставот на Русија, земјата е федерација и полупретседателска република, каде претседателот е шеф на државата а премиерот е на чело на владата.

Руската Федерација се дели на 85 федерални субјекти (составни единици), 22 од нив се републики. Републиките се територии со неруско население. Локалните етнички групи се нарекуваат „титуларни националности“.

  1. Адигеја
  2. Алтај
  3. Башкортостан
  4. Бурјатија
  5. Дагестан
  6. Ингушетија
  7. Кабардино-Балкарија
8. Калмикија
9. Карачаево-Черкесија
10. Карелија
11. Коми
12. Мариј Ел
13. Мордовија
14. Јакутија
15. Северна Осетија-Аланија
16. Татарстан
17. Тува
18. Удмуртија
19. Хакасија
20. Чеченија
21. Чувашија
22. Крим

Во продолжение сите вести поврзани со Русија.

Сподели со своите пријатели

Пожари избувнаа во два квартови на Киев по напади со дронови, во кои две лица се повредени, објави на Телеграм градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Според него, пожарот избувнал во областа Свјатошинск, каде изгореле нестанбени простории, додека во областа Дарњицки изгорела приватна куќа, пренесе Укринформ, пренесува Танјуг. Подоцна, Кличко пријавилПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Американскиот пратеник Стив Виткоф вчера се сретна со Владимир Путин во Санкт Петербург, додека американскиот претседател Доналд Трамп го повика рускиот претседател „да продолжи напред“ за прекинот на огнот во Украина. Според соопштението на Кремљ, средбата траела повеќе од четири часа, а главна тема биле „аспектите на украинското решение“. ОваПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Русија им предложи на САД да ги укинат санкциите против руската авиокомпанија „Аерофлот“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. – Таков предлог дадовме пред споменатата средба во Ријад пред повеќе од еден месец. Американците го прифатија. Досега не видовме реципрочни чекори – рече тој. Лавров посочи декаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Блискиот Исток, Стивен Виткоф пристигна во Русија, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Да, потврдувам, тој навистина пристигна“, изјави Песков за новинарите, пренесе ТАСС. Песков додаде дека Кремљ навремено ќе обезбеди информации доколку рускиот претседател Владимир Путин се сретне со Виткоф. Како штоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека двајца кинески државјани се заробени во источниот регион Доњецк и ја обвини Москва дека се обидува да ја вклучи Кина „директно или индиректно“ во конфликтот. Еден ден подоцна, тој рече дека мажите биле меѓу најмалку 155 други кинески членови на руските вооружени сили. Потоа,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Блискиот Исток, Стив Виткоф, отпатува за Русија и се очекува денеска да се сретне со претседателот Владимир Путин, објави Аксиос, повикувајќи се на извор запознаен со патувањето. Тоа ќе биде трета средба меѓу Виткоф и Путин, бидејќи Трамп се обидува да постигне примирјеПрочитај повеќе

USA flag hanging in building

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави се подготвени да го пополнат дипломатскиот капацитет на својата амбасада во Москва за да можат да издаваат визи за руските граѓани, пренесе ТАСС, повикувајќи се на американски извор. Неименуваниот извор објасни дека американската амбасада во Москва ќе биде екипирана на ниво што ќе овозможи обезбедување соодветни услуги,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека Русија започна нова пролетна офанзива, обидувајќи се да ја пробие украинската одбрана во регионите Харков и Суми, додека истовремено продолжува притисокот на истокот на земјата. „Денес повеќе од 67.000 руски војници се стационирани во правец на Курск. Тие го завршија трансферот на силитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Францускиот амбасадор во Москва, Николас де Ривиер, е поканет на средба во руското Министерство за надворешни работи со цел да се направи силен демарш против него поради приведувањето на руски дипломат на парискиот аеродром, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Захарова на брифинг со новинаритеПрочитај повеќе

red white and blue flag on pole during daytime

Сподели со своите пријатели

Кина денеска ги демантираше тврдењата на Украина дека значителен број кинески државјани се борат во Украина на страната на Русија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера објави дека украинската армија заробила двајца Кинези кои се борат заедно со руската армија во источниот регион Доњецк и дека има информации дека „значително повеќеПрочитај повеќе