Русија (Page 21)

Русија официјално Руска Федерација, е полупретседателска федерална република лоцирана во Источна Европа и Северна Азија.

Со површина од 17.125.187 km², Русија е најголемата земја во светот со речиси двојно поголема територија од Канада. Се граничи со 18 држави.

Таа е на деветтото место во светот според населението со околу 146 милиони. Официјален јазик е рускиот, а главен град и најголем град е Москва.

Според Уставот на Русија, земјата е федерација и полупретседателска република, каде претседателот е шеф на државата а премиерот е на чело на владата.

Руската Федерација се дели на 85 федерални субјекти (составни единици), 22 од нив се републики. Републиките се територии со неруско население. Локалните етнички групи се нарекуваат „титуларни националности“.

  1. Адигеја
  2. Алтај
  3. Башкортостан
  4. Бурјатија
  5. Дагестан
  6. Ингушетија
  7. Кабардино-Балкарија
8. Калмикија
9. Карачаево-Черкесија
10. Карелија
11. Коми
12. Мариј Ел
13. Мордовија
14. Јакутија
15. Северна Осетија-Аланија
16. Татарстан
17. Тува
18. Удмуртија
19. Хакасија
20. Чеченија
21. Чувашија
22. Крим

Во продолжение сите вести поврзани со Русија.

Сподели со своите пријатели

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ги сумираше впечатоците од средбата меѓу Трамп и Путин. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го изјави следново: – Средбата меѓу рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска покажа дека тимот на американскиот претседател искрено сака да постигне долгороченПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Предавањето на утврдените позиции на експанзионистички сосед опседнат со уништување на вашата земја е обично лоша идеја, пишува Политико. Отстапувањето на Судетската област и густата мрежа од утврдувања, шуми и ровови таму во 1938 година доведе до брза ерозија на способноста на Чехословачка да се одбрани од нацистичка Германија. ВоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Средбата меѓу претседателите на Украина и Русија, Володимир Зеленски и Владимир Путин, треба да се одржи во Европа, изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон, додавајќи дека средбата треба да се одржи во Женева. Макрон рече дека Женева не е само хипотеза, туку колективна волја, бидејќи тие сакаат средбата да бидеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Коалицијата на оние што сакаат војна со Русија не успеа да го надмудри американскиот претседател Доналд Трамп на негова територија, изјави денес заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, коментирајќи ги преговорите за Украина во Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп ги угости Володимир Зеленски и лидерите на ЕУПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп му рече на украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник дека САД ќе помогнат во гарантирањето на безбедноста на Украина во секој договор за завршување на војната со Русија, иако обемот на таа помош не беше веднаш јасен, пишува Ројтерс. Трамп го даде ветувањето за време наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинската криза ѝ покажа на Европа колку е скапо нејзиното потпирање на САД и ја истакна неизвесноста околу стратешката автономија на Стариот континент, оцени кинескиот весник „The Global Times“ во својата анализа на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот лидер Володимир Зеленски и европските претставници во Белата куќа. СпоредПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин наводно му рекол на Доналд Трамп дека едно од неговите барања за мир во Украина е целосна контрола врз Донбас. Овој регион во источна Украина, кој пред војната имал околу 6,5 милиони жители, се состои од две области: Донецк и Луганск. Барањата на Москва во врскаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека веќе започнале подготовките за средбата меѓу рускиот и украинскиот претседател – Владимир Путин и Володимир Зеленски. Белата куќа на својот официјален профил на Твитер го објави моментот од Овалната соба кога Доналд Трамп разговарал по телефон со Владимир Путин, а темата била Украина. „НаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Интересниот разговор меѓу Доналд Трамп и Емануел Макрон беше снимен во пресрет на вчерашниот затворен состанок во Белата куќа, каде што претседателот на САД, украинскиот лидер Володимир Зеленски и шефовите на ЕУ разговараа за крајот на војната во Украина. Трамп и Макрон веројатно мислеа дека никој не може да гиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Федералната служба за безбедност на Руската Федерација објави дека спречила нов обид на украинските специјални служби да го разнесат Кримскиот мост со моќна бомба. Сите оние кои биле вклучени во внесувањето на импровизираната направа во Русија биле уапсени. „Федералната служба за безбедност на Руската Федерација спречи нов обид на украинскитеПрочитај повеќе