Економско-енергетска криза (Page 18)

Економско – енергетска криза ги зафати сите делови на светот веќе во 2021 година и продолжи и во 2022.

Глобалната енергетска криза од 2021 година е најновата во серијата кружни енергетски недостaтоци доживеани во последните педесет години.

На почетокот на 2021 година започна светскиот пораст на инфлацијата. Тоа се припишува првенствено на недостигот на снабдувањe. Причините се пандемијата на коронавирус и руската инвазија на Украина.

Како резултат на тоа, многу земји забележаа највисока инфлација во последните децении и нивните централни банки одговорија со агресивно зголемување на каматните стапки.

На 22 февруари 2022 година, пред руската инвазија, германската влада го замрзна гасоводот Северен тек 2 помеѓу Русија и Германија. Тоа предизвика значително зголемување на цените на природниот гас. Нејзиното влијание врз снабдувањето со енергија се протега на глобално ниво. Особено во Европа, ова се претвори во многу повисоки сметки за електрична енергија.

Во продолжение сите вести од актуелната светск Економско – енергетска криза.

Сподели со своите пријатели

Германија ќе издвои 135 милијарди евра за мерки за поддршка до 2025 година, пресмета економскиот институт ifo, нагласувајќи дека во износот не се вклучени трошоците за ограничување на цените на струјата и гасот. Владата до крајот на годината од буџетот ќе издвои 33,3 милијарди евра за мерки за помош, аПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Интервенциите на чешката влада, помошта за домаќинствата со скапи енергенси и поставувањето плафон за цените на струјата и гасот, ја забавија инфлацијата и таа во октомври изнесуваше 15,1 отсто, што е за 2,9 отсто помалку од септември кога достигна рекордni 18 проценти во споредба со истиот месец во 2021 година.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во Португалија, бројот на кражби во продавници може да скокне за 40 отсто во споредба со минатата година, бидејќи жителите крадат конзервирана риба, масло, леб, кафе и друга основна храна поради зголемените цени на храната, пишува португалскиот неделник Expresso, повикувајќи се на официјални податоци. „Овој феномен е особено изразен воПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

На азиските берзи денеска паднаа цените на акциите, како и на Волстрит завчера, бидејќи инвеститорите не сакаат да ризикуваат пред извештајот за инфлацијата во САД, што може да влијае на одлуките на американската ФЕД. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,7 отсто околу 7:00Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во Австрија температурите значително се намалија во изминатите неколку дена, а трошоците за греење драстично се зголемија. Во таа земја на пелети се греат 667.354 домаќинства, чија цена во однос на лани е зголемена за цели 148 отсто. Гасот со кој се затоплуваат околу 911.000 домаќинства поскапе за 113 отсто,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Дури четвртина од Европејците ја опишуваат својата финансиска состојба како „несигурна“, а повеќе од половината веруваат дека постои сериозен ризик таа да стане таква во следните неколку месеци. Дури 80 отсто од Европејците веќе носат тешки одлуки за сопствената потрошувачка, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено во шест европски земји. ФранцускотоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Активноста во економијата на еврозоната повторно падна во октомври, најсилно во последниве речиси две години, поради високата инфлација и стравувањата од засилување на енергетската криза што ќе влијае на побарувачката, покажа денеска истражувањето на S&P Global. Индексот на менаџери за набавка (PMI) во приватниот сектор во еврозоната падна во октомвриПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Глобалната економија е на пат кон хиперинфлација и на светот му се заканува социјален колапс доколку огромниот пораст на цените не се стави под контрола, предупреди еден од најголемите хеџ фондови во светот. Елиот Менаџмент, хеџ фондот основан од милијардерот од Волстрит Пол Сингер, испрати апокалиптично предупредување до клиентите, пишуваПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Каматните стапки во Велика Британија се зголемија од 2,25 отсто на дури три отсто, што е најголем скок на каматните стапки од 1989 година. Со овој потег трошоците за заемите се искачија на највисоко ниво од кризата во 2008 година, кога банкарскиот систем се соочи со целосен колапс. Но, оваПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

САД најдоа „дупка“ во санкциите и начин да го заобиколат ембаргото што самите го воведоа. Рафинеријата на рускиот нафтен гигант „Лукоил“ на Сицилија добива и преработува нафта од Русија, а потоа како италијански производ извезува бензин и дизел во САД. Дел од него потоа се продава од Америка назад воПрочитај повеќе