Германија ќе потроши 135 милијарди евра за мерки за поддршка до 2025 година

Сподели со своите пријатели

Германија ќе издвои 135 милијарди евра за мерки за поддршка до 2025 година, пресмета економскиот институт ifo, нагласувајќи дека во износот не се вклучени трошоците за ограничување на цените на струјата и гасот.

Loading...

Владата до крајот на годината од буџетот ќе издвои 33,3 милијарди евра за мерки за помош, а 49 милијарди во 2023 година и 52,2 милијарди во 2024 година, проценуваат аналитичарите на Германскиот институт.

Вкупниот износ од 135 милијарди евра одговара на 3,8 отсто од германскиот БДП и не ги вклучува трошоците за ограничувањата на цените на гасот и електричната енергија бидејќи Бундестагот сè уште не ги усвоил, рече експертот за даноци на ИФО, Макс Леј.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Цената на таа мерка сѐ уште не е позната, но се проценува дека сумата ќе ја зголеми за 90 милијарди евра.

„Годинава најголема ставка е енергетскиот додаток за работниците, во нето износ од 10,4 милијарди евра“, рече Леј.

„Следуваат шест милијарди евра енергетски додаток за пензионерите, потоа 3,1 милијарди евра за привремено намалување на таксите за енергија, 2,7 милијарди евра за зголемување на ослободената основица и 2,5 милијарди евра за месечен билет за јавен превоз на девет евра“, додаде тој.

Во 2023 и 2024 година најзначајна ставка треба да биде ублажувањето на даночната прогресија, која според пресметките на Ифо треба да земе 12 и 27 милијарди евра од буџетот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

Меѓу другите високи трошоци се и промената на станбените надоместоци, што би го чинело буџетот по четири милијарди евра во следните две години, како и намалувањето на ДДВ за гасот, со проценети буџетски расходи од вкупно 11,3 милијарди евра за три години.

Loading...

„Тварот на падот на реалните приходи поради повисоките цени на енергијата ќе мора да го сноси општеството“, рече експертот за макроекономија на Ifo, Андреас Пејхл.

„Државната поддршка мора да следи две правила: стимулациите за заштеда на енергија мора да се зачуваат во целост, а помошта треба да се дава само на особено тешко погодените домаќинства“, додаде Пејхл.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.