Греењето во Австрија поскапе за повеќе од 100 отсто

Сподели со своите пријатели

Во Австрија температурите значително се намалија во изминатите неколку дена, а трошоците за греење драстично се зголемија.

Loading...

Во таа земја на пелети се греат 667.354 домаќинства, чија цена во однос на лани е зголемена за цели 148 отсто.

Гасот со кој се затоплуваат околу 911.000 домаќинства поскапе за 113 отсто, а мазутот, на кој сѐ уште се греат околу 509.000 домаќинства, поскапе за 105 отсто.

Моментално полнењето на просечен резервоар од 3.000 литри чини 4.820 евра, а пред една година цената беше речиси двојно поевтина.

Поскапе и парното греење, кое е најраспространето, кое го користат околу 1,2 милиони домаќинства.

Во просек, бидејќи цените варираат од регион до регион, трошоците за централното греење скокнаа за 62 отсто, а во Виена за дури 93 отсто.

Како резултат на тоа, речиси сите енергетски производи што се користат за греење во текот на зимата поскапеа, а нивната цена претставува голем товар за секое домаќинство.

Раух: Веќе не сум загрижен за короната, туку за сиромаштијата

Министерот за здравство и социјала на Австрија, Јоханес Раух, вели дека повеќе не е загрижен за короната, туку како граѓаните ќе ја преживеат зимата и претстојната пролет.

Loading...

„Искрено, во меѓувреме, социјалната состојба, сиромаштијата на многу луѓе ме загрижува повеќе отколку короната. Долго време доминираше короната, а сега се грижам како ќе ја поминеме зимата и пролетта“, вели Рауч во интервју за телевизијата „Пулс24“.

Тој посочи дека по секоја цена мора да се избегне голем дел од општеството да западне во сиромаштија.

„Ако 20 до 30 отсто од граѓаните имаат чувство дека никој не се грижи за нив, дека се лизгаат во сиромаштија и излегуваат на улица, тогаш нашата демократија ќе биде загрозена“, предупредува Рауч.

Тој вели дека во исто време е лошо што големите рафинери тројно ги зголемуваат маржите.

Рах посочи дека овој профит треба да се префрли на оние граѓани на кои им е потребна.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.