СВСК го пречекува составот на Планет

Сподели со своите пријатели

Во рамките на третото коло од Сениорска државна лига во одбојка ОК Сити Волеј Славков и Куманово на домашен терен ја пречекува екипата на ОК Планет од Скопје.

Натпреварот ќе се одигра во салата на СОУ Перо Наков со почеток во сабота со почеток во 16:30 часот.

Се надеваме дека после слабиот старт и двата порази во првите две кола, екипата ќе се стабилизира и ќе достигне ниво кое е потребно за кандидат за одбрана на минатогодишните трофеи од првенството и од Купот на ОФМ, велат од Управата на клубот.