СВР Куманово со кривична за злоупотреба на службена положба и фалсификување исправа

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против А.З.(40) од Дебар и Н.Ѓ.(66) од Куманово за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, непознато лице за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, против М.М.(48) од Куманово, вработен во МВР на РМ, главен инспектор во РЦ за ГР „Север“ за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и С.М.(34) од Дебар за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од јули 2012 година до 07.06.2017 година второпријавениот, како раководител на одделение за водење на матични книги – Куманово,  по усна наредба на првопријавениот, како директор на управа за водење на матични книги – Скопје, спротивно на Законот за јавни набавки и Законот за користење и располагање со стварите на државните органи на РМ, посредувал при склучување на усмен договор помеѓу првопријавениот и мајката на четвртопријавениот, за закуп на недвижен имот за сместување на одделението за водење на матични книги – Куманово.

Потоа, како што додаваат од СВР Куманово, за да се запази процедурата, третопријавениот, изготвил понуда со невистинита содржина во име на правно лице со седиште во Куманово, а четвртопријавениот обезбедил уште две понуди, од кои една во негово име како понудувач и една во име на негова мајка за деловниот простор за кој претходно склучиле усмен договор. По ова, второпријавениот наведените понуди, ги доставил до првопријавениот, кој потоа го заверил наведениот усмениот договор за закуп на недвижен имот, и го овластил второпријавениот да го солемнизира овој договор во Куманово.

Петопријавениот, како директор на управата за водење на матични книги – Скопје,  откако бил известен дека наведениот договор за закуп на недвижен имот истекува, како и тоа дека висината на месечна закупнина со склучување на нов договор ќе изнесува 123.000 денари,  спротивно на Законот за јавни набавки и Законите за користење и располагање со стварите на државните органи,  ја прифатил ваквата понуда,  и го продолжил договорот за закуп на наведениот недвижен имот. Со ова, прво и петопријавениот го оштетиле Буџетот на РМ за 5.658.000 денари.

Leave a Reply