СВР Куманово поднесе прекршочни за „злоупотреба на службената положба и овластување“

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(48), Л.П.(57), двајцата од Скопје, Н.Ф. од село Долно Свиларе, општина Сарај и Б.А.(35) од село Глумово, општина Сарај, поради постоење онови на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од 04.04.2011 до 31.08.2012 година, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, првопријавениот и второпријавената, како раководители во Агенцијата за управување со одземен имот на Република Македонија, третопријавениот, како помошник раководител во Агенцијата за управување со одземен имот на Р.М. и четвртопријавениот, како директор на Агенцијата за управување со одземен имот на Р.М., спротивно на Законот за управување конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, не постапиле по судска пресуда за конфискација на движен и недвижен имот на Н.С. и Б.С., двајцата од Куманово, со што нанеле штета на Буџетот на Република Македонија.

Leave a Reply