СВР Куманово им одржа лекција на матурантите: На забава без автомобил, алкохол и дрога

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово вчера одржа трибина за матурантите под мотото „На матура без автомобил“.

Loading...

На вчерашната трибина учествуваа матурантите од СОУ „Перо Наков“ и СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.

Од полицијата им било посочено како да се однесуваат за време на претстојните матурски прослави со цел истите да бидат безбедни.

 

 

– На трибината посветена на темата околу безбедно одбележување на матурските прослави, а под мотото – “На матура без автомобил, алкохол и психотропни супстанци“, матурантите беа запознати со неопходноста од одговорно однесување, потоа за мерките и последиците од непочитување на законските прописи од областа на сообраќајот и од областа на јавниот ред и мир, а се со цел прославите да минат безбедно  и мирно пред се во интерес на младите, велат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гласаат болните, немоќните и затворениците во Куманово

Инаку трибината ја организира Отсекот за превенција во соработка со Секторот за образование при Општина Куманово и испитен центар „Топ драјвер“.

Loading...

Никола Ивановски