Сува трева и нискостеблеста шума гореа во Орашац

Сподели со своите пријатели

Опожарена сува трева и нискостеблеста шума вчера гореа во кумановското село Орашац.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи пожарот бил пријавен околу 17:20 часот по што екипа на ТППЕ Куманово веднаш изглегла на терен. Успешно го локализирале пожарот, но пожарниакрите се уште се на терен и се борат за целосно ликвидирање на пламените јазици.

Сува трева горела и на улицата „Доне Божинов“, каде двајца пожарникари интервенирале од 09:30 до 09:55 часот, додека пак од 17:10 до 18:00 часот тројца пожарникари ја гаснеле сувата трева која се запалила во близина на Шумско стопанство Куманово.

Во населбата Ѓорче Петров горел запален смет. Таму интеревнирале тројца пожарникари во период од 18:20 до 20:40 часот.

Leave a Reply