Сурово реална игра: Феноменот на серијата „Squid Game“

Сподели со своите пријатели

Светот не престанува да зборува за контроверзната дистописка драма „Squid Game“ (Игра со лигњи) дури и по еден месец откако беше објавена на стриминг платформата Нетфликс.

Loading...

Според последните податоци, околу 132 милиони луѓе гледале најмалку две минути од серијата, со што го урна рекордот на „Бриџертон“, кој своето деби го достигна во 82 милиони домови.

Squid Game истовремено стана хит во дури 90 земји и беше првата ТВ серија од Јужна Кореја која ги освои и Велика Британија и Америка.

Производството чинеше 21,4 милиони долари, а Netflix проценува дека приходот ќе биде близу до неверојатни 900 милиони долари.

 

 

Ако вашиот стомак може да ја поднесе првата епизода, пишува критичарот на Гардијан, ве очекува фантастичен хорор трилер.

Loading...

Концептот е доста вознемирувачки – 456 маргинализирани луѓе, во длабоки долгови, се натпреваруваат во детски игри.

Победниците од ова реално шоу можат да освојат повеќемилионска парична награда. Губитниците остануваат без живот.

Главните ликови се Сонг Ги-Хун, зависник од коцкање, но човек со добро срце, и неговиот пријател од детството Чо Санг-Ву, засрамен банкар кој бега од полицијата.

 

 

Тука е и сопругата на еден џепчија, Ганг Се-Бјок, бегалец од Северна Кореја, која се обидува да донесе други членови на семејството во Јужна Кореја.

Иако режисерот и сценарист Хванг Донг-Хјук се чинеше дека не кажа ништо ново за сиромаштијата и борбата за опстанок во девет епизоди, неговата приказна се гледа во останување без здив и неверување.

Loading...

Дилемата „Дали би изневерил пријател за да ја избегнеш смртта?“ ги прогонува гледачите.

Успехот на Squid Game го докажува растечкото влијание на Јужна Кореја врз светската поп култура, по оскаровецот „Паразит“ и глобалната популарност на бендот БТС.

 

 

Серијата ги критикува многу реалните класни разлики во корејското општество, со кои се занимаваше и „Паразит“, но за разлика од популарните филмови „Игри на гладта“, заплетот не е сместен во иднина.

Идејата за Squid Game Хванг ја имал уште во 2008 година, кога и самиот се соочувал со финансиски проблеми, а првичниот план бил да сними филм.

Тој го напишал сценариото за цела година, што било  одбиено од сите продукции, но во 2019 година, Нетфликс прифатил да ја снима серијата. Откако постигна сензација, сите се прашуваат дали ќе има продолжение.

Loading...

– Прилично е заморно да се размислува. Но, ако навлезам во тоа, сигурно нема да работам повторно сам. Би ангажирал други сценаристи и би сакал во проектот да бидат вклучени поискусни режисери. Не ја исклучувам таа можност, но не очекувајте втора сезона наскоро – изјави Хванг за „Варајети“.