Сунак ја откажа средбата со грчкиот премиер поради скулптура

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Риши Сунак во последен момент ја откажа средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој го обвини британскиот колега дека тоа го прави поради дипломатски конфликт околу статусот на скулптурите на Партенон.

Loading...

Грчките власти постојано бараа од Британскиот музеј трајно да ги врати скулптурите стари 2.500 години кои британскиот дипломат Лорд Елгин ги зел од тој храм на почетокот на 19 век додека бил пратеник во Отоманската империја.

– Воопшто не сум задоволен што британскиот премиер ја откажа нашата средба само неколку часа пред да се одржи, рече Мицотакис во изјава за медиумите.

– Позициите на Грција за прашањето за скулптурите од Партенон се добро познати. Се надевав дека ќе имам можност да разговарам за нив со мојот британски колега. Секој кој верува во исправноста и праведноста на своите позиции никогаш не се плаши од соочување со аргументи, додаде тој.

Грчката влада разговараше со шефот на Британскиот музеј, Џорџ Озборн, за можниот договор за позајмување на скулптурите, кои долго време беа причина за расправии меѓу двете земји.

Во интервју за Би-Би-Си во неделата, Мицотакис се пожали дека разговорите за можното враќање на скулптурите во Атина не напредуваат доволно брзо.

Тој рече дека трајно чувањето на тие скулптури во Британскиот музеј е како да ја преполовиш „Мона Лиза“ и дека не се работи за сопственост туку за „повторно обединување“.

Претставник на британската влада, кој сакаше да остане анонимен, рече дека расправијата околу мермерните скулптури значи дека сè уште е несоодветно состанокот да се одржи.

Loading...

Претходно, портпаролот на Сунак изјави дека нема планови за враќање на скулптурите.

Британската влада никогаш не размислувала да се откаже од сопственоста на скулптурите, тврдејќи дека тие се стекнати легално.

Законот не дозволува музејот да отстранува предмети од својата колекција освен во одредени околности, но не забранува позајмување.