Судот во Букурешт: Бусеску соработувал со Секуритате

Сподели со своите пријатели

Судот во Букурешт објави дека поранешниот претседател Трајан Бусеску соработувал со тајната полиција на поранешниот комунистички режим „Секуритати“.

Loading...

Апелациониот суд соопшти дека е откриено дека „обвинетиот Трајан Бусеску бил соработник на Секуритати“ во случајот заснован на документи од време кога бил студент на поморскиот институт во градот Констанца во југоисточна Романија.

Бусеску беше претседател два мандата од 2004 до 2014 година, а беше избран за пратеник во Европски парламент во мај оваа година.

Тој најави дека ќе ја обжали одлуката пред Врховниот суд.

Агенцијата Франс прес пренесе дека претходната проверка не открила ништо во моментот кога се кандидирал за државна канцеларија, но дека сегашниот случај е покренат кога биле пронајдени нови докази од ЦНСАС, која е одговорна за прегледување на архивата на Секуритати.

„Не знаев дека станува збор за Секуритатите“, рече Бусеску, кој призна дека пренесувал одредени информации за колеги студенти припадници на безбедносната служба.

Leave a Reply