Судар на автобуси во Чешка. Еден загинат, над 70 повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Возач на автобус го загуби животот, а 76 лица се повредени во судир на два автобуси на автопат на југот на Чешка, соопштија полицијата и спасувачите.

Loading...

„Еден возач загина на местото на несреќата“, објави полицијата на Твитер.

Портпаролот на регионалната кризна служба Лукас Дворачек изјави за АФП дека возачот починал пред да пристигне помошта.

Несреќата се случила во близина на Брно

„Не можевме да му помогнеме“, рече тој, додавајќи дека 14 лица се тешко повредени и дека животот на некои е во опасност.

Несреќата се случила во понеделникот околу 16:00 часот по средноевропско време во близина на Брно, на југоисток, на автопатот меѓу тој град и словачкиот главен град Братислава.

Портпаролот на регионалната полиција Давид Чалупка изјави дека починатиот возач со својот автобус удрил во задниот дел од автобусот пред него.

„Во еден автобус имало странци, веројатно од Индија“

Чешката јавна телевизија наведува дека автобусот напред сообраќал на редовна линија од Будимпешта до Прага и е на компанијата Flixbus.

Регионалниот гувернер Јан Гролич на јавната телевизија изјави дека во еден автобус имало странци, најверојатно од Индија.

Loading...

Чешката јавна телевизија наведува дека меѓу патниците имало и саудиски државјани.

На местото на несреќата се испратени 26 возила на брза помош и три хеликоптери за да им помогнат на настраданите, соопштија спасувачите.