Студија открива нови детали за тоа што претходело на катастрофата на Титаник

Сподели со своите пријатели

Иако сите знаеме дека бродот „Титаник“ потонал откако удрил во огромна санта мраз, Американката Мила Зинкова, пензионирана информатичарка, тврди дека ова не е единственото нешто што довело до катастрофа во која загинале 1.500 луѓе.

Loading...

„Титаник“ можел да потоне во Атлантикот кога отстапил од курсот поради неповолните „вселенски услови“, тврди Зинкова во новото истражување во кое се наведува дека зад бродоломот има сончев одблесок на северната хемисфера.

Според научникот, ноќта на 14 април 1912 година, кога бродот потонал, соларната активност била многу изразена. Соларната бура можела да предизвика магнетниот компас на бродот да не го покажува прецизно магнетниот север, што довело до мало отстапување од курсот.

„Мала грешка во компасот, зад која можеше да застане геомагнетна бура, го поставила Титаник на патеката што водела до бродоломот“, напиша Зинкова.

„Титаник“ удрил во глечерот со слаб ветер и релативно мирно море, тврди американскиот научник.

 

 

Loading...

Покрај тоа, кога еден од офицерите од „Титаник“, Џозеф Боксал, испратил СОС-сигнал, тоа била позиција оддалечена 24 километри од нивната вистинска локација. Спасувачкиот брод „Карпатија“, кој го примил сигналот, на тој начин добил информација за погрешна позиција, но некако пловел директно до спасувачките чамци на „Титаник“.

Неколкумина преживеани тогаш рекле дека за време на несреќата имало аурори на небото, необични светла.

„Не бевме сигурни што гледаме во тоа време и веројатно само сакавме да видиме нешто во таа темнина“, рече еден од преживеаните патници, Лоренс Бисли, додавајќи дека бледата светлина била присутна на небото некое време сè додека не исчезнала целосно.

„Поларна светлина, си помислив во еден момент“, рекол тој.

 

Leave a Reply