Стрништа и сува трева и вчера гореа низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Два пожари се регистрирани во текот на вчерашниот ден на две различни локации низ кумановските села, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 11:35 до 13:35 часот, тројца пожарникари гаснеле запалено стрниште и сува трева во атарот на селото Четирце.

Втората интервенција на кумановските пожарникари била исто така на залапена сува трева, овој пат во атарот на селото Лојане, каде во период од 12:05 до 13:45 интервенирале тројца пожарникари.

Leave a Reply