Столтенберг призна дека резервите на оружје на членките на НАТО се навистина исцрпени

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека залихите на оружје на земјите-членки на алијансата и на Европската унија се навистина исцрпени.

Loading...

Столтенберг изјави дека е неопходно да се зголеми производството за во иднина западните земји да ја заштитат својата територија, како и да можат да ѝ помогнат на Украина.

– Сојузниците на НАТО и членките на ЕУ ги исцрпија своите резерви со пружање помош за Украина. Но, тоа беше вистинската одлука. Се работи за нашата безбедност, затоа мораме да се свртиме кон сопствените можности, нашите залихи и муниција за да му помогнеме на Киев – рече Столтенберг.

Тој истакна дека земјите од НАТО и ЕУ успеале да обезбедат „невиден износ“ на помош за Украина за неколку месеци.

– Но, секако кога ќе се потрошат залихите, има само едно долгорочно решение, а тоа е да се произведува повеќе. И затоа министрите за одбрана на НАТО на состанокот минатата есен одлучија да ги зголемат нашите резерви на оружје и опрема – додаде генералниот секретар на НАТО.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.