Пчиња над просекот. За утре два метео аларми!

Сподели со своите пријатели

Водостојот на реката Пчиња во кумановско го надмина својот просек за овој период од годината.

Loading...

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Пчиња на мерната станица во село Пелинце, утринава се искачило на 70 сантиметри.

Тоа е скоро 20 сантиметри над просекот за овој период од годината (кој изнесува 54 сантиметри), а само во текот на изминатото деноноќие нивото на водата скокнало за дополнителни четири сантиметри.

Од утре се очекува регионот на кумановско да биде зафатен од влажен бран, а од страна на УХМР издадени се веќе две метео предупредувања, за силен дожд и силни грмотевици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЛИДЛ ќе потикне уште поголемо ниво инвестиции во градот

Новите врнежи веројатно ќе го зголемат нивото на Пчиња, поради што се препорачува внимателно движење покрај неа.

Врнежливото време ќе се задржи до петок.

Никола Ивановски