Столтенберг: Киев е успешен, но тоа не е почетокот на крајот на војната

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека украинскиот контранапад против руските трупи е многу ефикасен, но предупреди дека се потребни „долгорочни напори“, бидејќи тоа не го означува почетокот на крајот на војната, пренесува Ројтерс.

Loading...

„Се разбира, исклучително е охрабрувачки да се види дека украинските вооружени сили успеаја да ја вратат територијата и да нападнат зад руските линии“, изјави Столтенберг за Би-Би-Си.

Тој исто така нагласи дека без оглед на овој факт, мора да биде јасно „дека ова не е почеток на крајот на војната“, и дека „мора да се подготвиме за долгорочни напори“, наведува британската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Русија ќе има големи проблеми со мобилизацијата“

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.