Столтенберг: Безбедносни гаранции за Финска и Шведска додека не влезат во НАТО

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази уверување дека Финска и Шведска ќе станат членки на алијансата.

Loading...

Поради рускиот напад врз Украина, Шведска и Финска во мај побараа прием во алијансата, со што мора да се согласат сите 30 членки на НАТО.

Турција го забави тој процес, бидејќи бара од Финска и Шведска да преземат мерки против организациите за кои тврди дека се терористички и бара Хелсинки и Стокхолм да екстрадираат лица осомничени за тероризам.

Убеден сум дека процесот на прием ќе биде завршен и дека сите членки на НАТО ќе ги ратификуваат протоколите за прием во своите парламенти. Ова важи и за Турција, изјави Столтенберг пред новинарите.

Столтенберг рече дека процесот на прием обично трае со години, но дека сите 30 членки на алијансата ги поканија Финска и Шведска да им се придружат во јули и потпишаа протоколи за таа цел.

Оттогаш, само Турција и Унгарија не ги потврдија тие потези во националните процедури, според АП.

Тоа е најбрзиот процес на прием во модерната историја на НАТО, рече Столтенберг.

Тој негираше дека Хелсинки и Стокхолм биле под напад или притисок затоа што сакале да се приклучат на алијансата, велејќи дека Вашингтон и другите членки на НАТО им понудиле на Финска и на Шведска билатерални „безбедносни гаранции“ додека не бидат примени.

Loading...

„Незамисливо е Финска и Шведска да се соочат со каква било воена закана без НАТО да реагира“, рече Столтенберг.

Минатиот месец турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Шведска не е ни на половина пат во исполнувањето на обврските кон Анкара.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон одговори дека Стокхолм ги исполнил своите обврски и дека сега „лежи на Турција“.