Стаклениот мост во Кина e вистинска туристичка атракција, но за најхрабрите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мостот Руи во Кина, изграден да го содржи традиционалниот кинески „симбол на среќата“, за кратко време станал туристичка атракција во провинцијата Џejеџијанг.

Loading...

Зградата, која делумно е направена од стакло, се наоѓа 140 метри над земјата и е позната како „флексибилен мост“. Досега, преку 200.000 луѓе поминале низ него.

 

 

Првите дизајни на овој чудесен мост биле цел на критики, бидејќи луѓето биле убедени дека конечниот проект ќе биде драстично различен од првичната идеја на конструкторот. Гледајќи ги нацртите, имало многумина кои рекле дека вакво нешто е невозможно да се пријави и дека „мостот на фотографиите од проектот е лажен“.

Но, кога бил отворен мостот, со „гранки“ по кои можеа да одат пешаците, „неверните Томас“ немаа друг избор освен да молчат.

 

Loading...

 

Острите и меки линии на мостот и планините меѓу кои се наоѓа се совршено интегрирани, а кога целиот амбиент ќе се види оддалеку, изгледа како планините да се движат во сета своја убавина.

Туристите во Кина обожаваат стаклени мостови, и покрај фотографиите и снимките кои ги прикажуваат преплашените лица на посетителите додека преминуваат такви згради. Очигледно е дека адреналинските авантури се она што туристите сакаат да го искусат по секоја цена.