Средношколците утре на мултиетничко чествување на Бадник во „Киро Бурназ“

Сподели со своите пријатели

Големиот христијански празник Бадник утре ќе биде одбележан со мултиетничко чествување на кумановските средношколци во ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“.

Loading...

Ученици од средните училишта на македонски наставен јазик ќе бидат домаќини за своите врсници од училиштата каде настава се посетува на албански јазик, додека за муслиманските празници ќе им ја возвратат посетата.

Целта на настанот е учениците да имаат можност да се зближат меѓусебно и да ги запознаат меѓусебните традиции и обичаи во пресрет на празниците.

Настанот е во рамките на проектот „Безбедни училишта“ што по 13ти пат го организира Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со училиштата.

Никола Ивановски