Среда неработен ден за сите граѓани

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2023 година (среда) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Loading...

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита празникот “Св.Кирил и Методиј”, Денот на сесловенските просветители.

Воедно, Министерството соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 23 мај 2023 година, (вторник), Национален ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Максим Димитриевски во Кавадарци, Неготино и Прилеп (ВИДЕО)

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија им го честита Националниот ден на Власите.