Србија испраќа помош во Турција

Сподели со своите пријатели

Србија итно ќе испрати два специјални тима (12 лица по тим) и офицери за врска да ѝ помогнат на Турција по земјотресот.

Loading...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ наредил веднаш да се испрати се што треба и може да направи Србија.

Претседателот утрово упати сочувство до турскиот народ, во кое истакна дека „Србија е подготвена да ја понуди сета потребна помош“, пренесува Курир.

Да потсетиме, првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Пазарџик, во југоисточниот дел на Турција, на границата со Сирија.

Спасувачките екипи со часови ги извлекуваат мртвите и повредените од урнатините.

Според последните информации, бројот на загинати во свлечиштето во Турција е зголемен на 284, објави потпретседателот Фаут Октај.

Според него, повредени се 2.323 лица, пренесува Ројтерс. Претходно беше објавено дека во Сирија загинале 237 лица, а повеќе од 600 се повредени.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...