Пожарот во близина на Измир „голта“ села трет ден: Над 50.000 евакуирани, хеликоптери и војска на терен

Сподели со своите пријатели

Шумскиот пожар во близина на Измир во Турција не стивнува веќе трет ден, пожарот се шири во станбени области, граѓани од пет села и две населби се евакуирани, едно лице е спасено од пламенот, а повеќе од 20 лица се примени во болница поради задушување од чад.

Loading...

Голем број пожарникари се на терен и се обидуваат да го стават пожарот под контрола, објави Сабах.

Во гаснењето на пожарите се интервенира од воздух и од копно.

Пожарот избувна во шума во близина на Измир околу 13 часот во недела, но поради силните ветрови што достигнаа 110 километри на час, брзо се прошири. Хеликоптерите првично не можеа да полетаат поради неповолните временски услови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тајван започна годишни воени вежби со симулирани напади врз воени штабови

Министерот за земјоделство и шумарство на Турција, Ибрахим Џумакли, вчера дојде во Измир и изврши увид.

„Продолживме да се бориме со пожарот со четири авиони, 14 хеликоптери, 106 цистерни, градежна опрема што можам да ја избројам во стотици и возила на крајбрежни институции“, рече Јумакли и додаде дека пожарникарите веднаш се борат со пламените јазици на осум точки.

Џумакли истакна дека многу куќи се изгорени и станале неупотребливи за живеење, и дека државата ќе им помогне на граѓаните погодени од пожарот.

„Нема разлика помеѓу палење на шумата и испукање куршум кон татковината“, рече Џумакли.

Loading...

Тој изјави дека од почетокот на јуни, 468 шумски пожари избувнале поради невнимание и истакна дека ова може да се окарактеризира како кривично дело, бидејќи шумите се, како што рече, „иднината на земјата“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 10.000 луѓе во Јапонија хоспитализирани минатата недела поради топлотен удар

Според податоците, само за еден месец, пожарникарите изгаснале 1.459 пожари во Турција, од кои 569 биле во шумата, а 890 во урбаната средина.

„Утврдено е дека 258 пожари биле предизвикани од палење стрништа, 126 од отпушоци од цигари, 34 од пожари од пикници, 26 од ѓубре, 20 пожари започнале кога се запалил материјал што требало да се фрли, а четири од огномет“, рече Џумакли.

Во Турција, во последните неколку дена, повеќе од 50 илјади граѓани беа евакуирани поради пожари во околината на Измир, Билеџик и Хатај, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

„Според првичните информации, во Билеџик беа оштетени 64 станбени згради, три комерцијални згради и 20 амбари. Во Измир беа оштетени 132 станбени згради и една комерцијална зграда“, напиша Јерликаја на социјалните мрежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Серија земјотреси ја погодија Гватемала, најмалку двајца загинати

Во пожар што избувна во шумска област во населбата Таракли во Сакарја и се прошири во селото Билеџик за време на викендот, 13 куќи изгореа до темел.

 

Loading...