„Срам да ви е“ – му порача Абас на Трамп

Сподели со своите пријатели

Палестинскиот лидер Махмуд Абас изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп би требало да се срами поради начинот на кој се занимава со блискоисточните мировни напори.

Во остриот говор на состанокот на Плаестинскиот централен совет, Абас го критикуваше Трамп и неговата политика кон Палестинците, вклучувајќи го признавањето на Ерусалим како главен град на Израел.

Абас вели „срам да ви биде“ за тврдењата на Трамп дека Палестинците одбиваат да преговараат. Тој вели дека Палестинците и натаму се посветени на преговорите, но подготвени се да го отрфлат она за што се плашат дека ќе биде нефер предлог на Белата куќа.

Таквата реторика е одраз на напнатите односи помеѓу Палестинците и администрацијата на Трамп. Палестинците мислат дека одлуката на претседателот на САД за Ерусалим го уништила неговиот кредибилитет на претседател во блискоисточниот мир.

Статусот на Ерусалим е едно од најголемите прашања во деценискиот конфликт помеѓу двата народа. Трамп со својата одлука отстапи од долгогодишната политика на САД, статусот на тој град да се реши зад преговарачка маса. Тој исто така најави преселување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.

Израелските лидери тврдат дека обединетиот Ерусалим ќе остане вечна престолнина на Израел, а Палестинците планираат источниот дел на тој град да биде седиште на нивната идна независна држава. Израел го окупираше источниот дел на Ерусалим во шесдневната војна во 1967 година и подоцна го анектираше, што меѓународната заедница никогаш го немаше признаено.

Трамп од почетокот на мандатот најавуваше дека ќе посредува во конечниот договр за мир на Блискиот исток.