Спречен обид за шверц на 45 мигранти во кумановско

Сподели со своите пријатели

Во СВР Куманово вчера околу 09:30 часот бил приведен Ј.Х.(36) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што појаснуваат од полицијата, истиот ден во 05.45 часот на автопатот Куманово-граничен премин Табановце полициски службеници забележале запрено комбе „Фолксваген“ со скопски регистарски таблички, како истовара мигранти.

– Во него биле пронајдени 45 лица- мигранти (42 од Пакистан, еден од Сирија и двајца од Авганистан), а возачот се дал во бегство, но подоцна бил пронајден во друго возило „Голф“ и приведен, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply